Рашко-призренската епархија денеска соопшти дека непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица во селото Накло кај Пеќ.
Според извештајот што до Епархијата кој го достави парохот во Пеќ, меѓу напишаните пораки се „Алах Акбар“, како и пораката на албански јазик „отстранете ја оваа црква одовде, таму има само муслимани“ и „ние не не сакаме цркви, ние сакаме џамии“, „Исламот е единствената вистинска вера“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Епархијата.
Црквата е посветена на Света Троица, а била опожарена во мартовските немири во 2004 година.