(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Од:

За време на нападот врз конвојот загинаа двајца француски полицајци, а тројца беа ранети. На новата снимка се гледа целиот напад и како црн автомобил ненадејно удира во полициско комбе на патарина во Нормандија, по што четворица маскирани напаѓачи трчаат и отвораат оган.

Киднаперите потоа ги отвориле вратите на полициските автомобили и со лисици го извлекле Мохамед Амр. Амр, за кој се вели дека е еден од водечките шверцери на дрога во Франција, требало да биде префрлен од Руан во затвор во Евре.

Командирот на регионалната полиција го активираше планот „кобац“ што значи дека целата полиција е ставена во готовност. Последен пат планот беше искористен за време на потрагата по озлогласениот гангстер Редоин Фаид во 2018 година и во 2015 година по нападот на редакцијата на весникот Charlie Hebdo.

Би можело да ве интересира

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија

Уапсен сопственикот на Телеграм

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on