Хрватската полиција соопшти дека во попладневните часови се случила несреќа во каменолом во Горни Јесен, недалеку од Крапина.
„Околу 14 часот и 50 минути при работа во каменолом паднал камен врз работната машина, а возачот починал од повредите во Брза помош. Ќе следи увид“, соопштија од полицијата.
По завршување на полициската истрага треба да се знаат повеќе информации.