Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

Од:

Денеска во Романија, возач на автомобил ненадејно го запрел своето возило и предизвикал мал судар со возилото зад него, а потоа се фрлил во водата над каналот Дунав-Црно Море.

Биле повикани да интервенираат пожарникари, но не можеле да направат ништо бидејќи мажот починал на лице место.

Полицијата го алкотестирала возачот на „дачија“, кој била зад човекот кој се самоубил, а кога било констатирано дека не бил пијан му напишала казна за недржење на пропишаното растојание.

Романските медиуми јавуваат дека се работи за лице чие исчезнување било пријавено на 1 мај.

Станува збор за 37-годишен маж од Пјатра-Нјамац, чие семејство и сопруга се водат за исчезнати од 1 мај. Тој е возач на камион и полицијата вели дека бил во Јаши на 28 април, кога требало да се врати дома со минибус, но тоа не се случило.

Полицијата води истрага за да ја открие причината поради која мажот решил да се самоубие.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во центарот на Струмица, повредени се момче и малолетничка

Земјотрес ја погоди Романија, се стресе и во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Жена е тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Двајца загинати во тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Горан Наумовски

33-годишна жена е повредена во сообраќајка на патот Кавадарци-Росоман