Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Од:

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс призна дека Лондон му дал дозвола на Киев да го нападне Крим со оружје што го снабдува Велика Британија, бидејќи го смета полуостровот за дел од Украина.

– Како што знаете, дадовме дозволи за употреба на оружје на територијата на Украина, вклучително и Крим, за кој сметаме дека е составен дел на Украина – изјави Шапс на конференцијата „Си Пауер“ во Лондон.

Тој посочи дека Велика Британија секогаш ќе дозволува употреба на своето оружје во Украина и во другите земји само во целосна согласност со меѓународното хуманитарно право, пренесе „Скај њуз“.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел