ВИДЕО: За 30 дена – 100 нови решенија за легализација во Центар

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски на жители на Центар им додели решенија за легализација. За последните 30 дена службите на општината изготвија 102 решенија, а за 4 и пол месеци, откако е дојдено новото раководство на општината изготвени се 354 решенија. Како споредба – претходното раководство успеваше да заврши само по 400 предмети годишно.

Заложба на секоја администрација, рече градоначалникот Жерновски, е да работи во интерес на граѓаните.

andrejLegalizacija (2)

„Пред еден месец си зададовме амбициозна цел да заокружуваме по 100 решенија месечно. Зададеното го завршивме и денеска, за 30 дена имаме 100 решенија. Ова не е критика како се работело претходно, но е репер како треба да се работи“, рече Жерновски.

andrejLegalizacija (3)

На граѓаните им порача дека вратите од општината се секогаш отворени бидејќи вработените во општината, советниците и тој самиот како градоначалник работат за интересите на жителите на Центар.

andrejLegalizacija (4)

Граѓаните задоволни, бидејќи велат – заврши нашата голгота. Некои по 10 години талкање по општинските лавиринти успеаа денеска да ги добијат решенијата.

andrejLegalizacija (5) andrejLegalizacija (6)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар