А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор

by А1он13/05/2024 - 16:152334
Share0

Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор, порачуваат од германското Министерство за надворешни работи, откако на инаугурацијата, новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова не го изговори уставното име на државата со придавката „Северна“, јави Дојче веле.

Добивај вести на вибер

Владата во Берлин, како што пренесува Дојче веле, сака да ја продолжи соработката со новата влада во Скопје, и смета дека е важно земјата да го продолжи патот кон ЕУ и да ги спроведе неопходните реформи на тој пат.

– Северна Македонија може да се потпре на Германија на тој пат. Што се однесува до користењето на името, постои меѓународен договор, Преспанскиот договор со Грција, на кој Северна Македонија е обврзана, изјави портпаролот на германското МНР, Кристијан Вагнер.

На новинарско прашање, што ќе се случи доколку и новата влада во Скопје не го почитува Преспанскиот договор, Вагнер одби да шпекулира, но рече дека неговата влада останува на ставот дека Западниот Балкан припаѓа кон ЕУ.

– Германската влада е многу активна во тој дел и нема да дозволиме сиви зони во Европа. Кога би дозволиле такви сиви зони, тие би биле искористени од други земји. И затоа остануваме на нашата политика кон Западен Балкан, рече Вагнер, додавајќи дека треба да се почека затоа што новата влада во Скопје се уште се договара.

Гордана Сиљановска-Давкова предизвика бројни реакции, откако на инаугурацијата како нова претседателка на државата во Собранието не го изговори уставното име.

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата. Како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, Сиљановска Давкова го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај.

gordana siljanovska-davkovaprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:18

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Горан Наумовски01/04/2026 - 14:00

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:28

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 14:07

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он24/03/2026 - 16:0624/03/2026 - 20:34

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае

Горан Наумовски24/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто