Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

Од:

Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија (РСМ). Ова се вели во ставот на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев, по повод инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова.

Ова, како што пренесува БТА, е и ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно денеска го пренесе, прес-службата на неговиот кабинет.

– Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат. Убедени сме дека европската перспектива на Република Северна Македонија целосно зависи од имплементацијата на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрениот од Европскиот совет во јули 2022 година, се посочува во соопштенијата од кабинетите на Главчев и Радев.

Двајцата, исто така, потсетуваат дека Република Северна Македонија е членка на НАТО, од кое што произлегуваат соодветните обврски и одговорности.

Новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, вчера ја презеде функцијата откако положи заклетва пред Собранието, при што во името на државата ја изостави придавката „Северна“, што предизвика низа реакции од Грција и ЕУ за почитување на Договорот од Преспа од 2018 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бојко Борисов бара оставка од вицепремиерот Николоски: Не треба да има средби со овие луѓе

Катерина Ѓуровски

Нови тензии за инцидентот „македонско знаме“, Софија обвинува за „провокации и навреди“

Катерина Ѓуровски

Радев за средбата со Сиљановска-Давкова: Посетата не беше ниту државна, ниту работна

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

Радев: Софија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од претседателката Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје

Започна средбата меѓу Радев и Сиљановска Давкова