Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, го прими претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ кој му ги донесе потписите на 78 претставници.
Милановиќ му даде мандат на Пленковиќ да формира влада.
Владиниот портпарол Марко Милиќ претходно најави дека премиерот Пленковиќ ќе му ги предаде на претседателот на Републиката потписите на пратениците во хрватскиот Сабор „кои го сочинуваат новото парламентарно мнозинство“.