Марија Захарова го најави остриот одговор на Русија на потезите на официјален Лондон

Од:

Протерувањето на руското воено аташе од Обединетото Кралство и потезите на Велика Британија насочени кон руската дипломатска мисија и недвижности ќе добијат пропорционален одговор од Москва, кој ќе биде остар и адекватен, најави денеска портпаролката на руското Министерство за Надворешни работи, Марија Захарова.

„Постапките на британските власти, кои се буквално опседнати со русофобија, целосно ја потврдуваат пристрасната и непријателска природа на англиската политика кон Русија. Повеќе пати го предупредивме официјален Лондон дека сите непријателски дејствија ќе бидат дочекани со остар и адекватен одговор“, Захарова. се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Велика Британија денеска соопшти дека ќе го протера руското воено аташе, дека ќе го одземе дипломатскиот статус за одредени имоти и ќе ги ограничи дипломатските визи за претставниците на Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Захарова: Ако Киев нападне руска територија, тоа ќе биде погубен акт за Западот

Захарова: Не ни кажувајте што да правиме