Од двегодишната Данка Илиќ од Србија не се пронајдени никакви биолошки траги на ниту еден предмет кој се вештачел во истрагата за нејзиното исчезнување.
Српскиот портал Нова известува дека досега се лажни повеќе од 400 траги пронајдени во службеното возило за кое постои сомневање дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога наводно ја усмртиле Данка. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешната страна на службениот автомобил во Бор се отстранети повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека на ниту една од трагите нема ДНК на Данка Илиќ, ниту во самиот автомобил, ниту на надворешните делови од возилото“, дознава Нова.рс од Вишото јавно обвинителство.
За потсетување, осомничените работници на фирмата „Бор Водовод“ Јанковиќ и Драгијевиќ биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишното девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службено возило, го задавиле и го фрлиле во дива депонија на Старобањска, од каде по два дена Дејан со нејзиниот татко (73) и сега починат брат Далибор (40), наводно го пренеле телото на друга локација. Нејзиното тело сè уште не е пронајдено.