Русија распиша потерница по Зеленски

Од:

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

„Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според член од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Не беше наведен членот по кој беше издаден налогот за апсење на украинскиот лидер.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.

Радио Спутник пишува дека Русија распишала потерница по Валериј Залужни, поранешен врховен командант на украинските вооружени сили.

Во март минатата година Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк