Капетанот на „Коста Конкордија“ го обвини кормиларот за несреќата

Од:

Капетанот на „Коста Конкордија„ Франческо Скетино за несреќата на бродот кај осотрово Џилио го обвини кормиларот, тврдејки дека тој не ја разбрал неговата наредба во решавачките моменти пред да удрат во подводните карпи.

Во текот на сослушувањето во Судот во градот Гросето во италијанската провинција Тоскана, Скетино изјави дека неговиот помошник офицер и кормилар од Индонезија, го насочил големиот брод директно кон опасните карпи, наместо да оди подалеку од нив.

– Наместо в лево, како што му кажав на мојот кормилар, тој бродот го насочи погрешно, в десно, изјави обвинетиот капетан Скетино на продолжението на судењето, што се одржува по долгата пауза во текот на летните месеци.

Поморските експерти  кои на судењето учествуваат како сведоци, сепак, не ја прифаќаат одбраната на обвинетиот капетан, објаснувајќи дека и да не се случела „грешката“ на кормиларот, бродот „Коста Конкордија“ ќе удрел во подводните карпи.

Индонезискиот кормилар е еден од петмината офицери помошници на капетанот Скетино кои, исто така, се соочија со судење за поморската несреќа. Кормиларот се договори со судот да ја признае вината, за да добие помала казна, по што уште пред летните одмори беше осуден на 20 месеци затвор.

Минатата недела бродот тежок 115 илјади тони, прво беше успешно одвоен од карпите, а потоа и исправен, откако од 13 јануари минатата година остана да лежи навален и полупотопен покрај брегот на Џилио. Операцијата за извлекување на „Коста Конкордија“, во која учествуваа 600 лица, чинеше околу 600 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски