Носителкатата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска на митинзите во Гостивар и Тетово порача:
„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!
На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада. Гласајте за професори а не за криминалци“, рече Стојаноска.