Дуна компјутери денеска во Скопје организира добротворна аукција за продажба на ракотворби и слики изработени од штитениците на Воспитно-поправниот дом „Тетово“ со отворено одделение во Велес.
Станува збор за општествено одговорен проект на Дуна кој е изработен со одобрение на Управата за извршување на санкции при Министерство за правда на Република Македонија. Согласно проектот, во јуни и јули организирани се креативни работилници за изработка на ракотворби, при што целта беше да се структуира слободното време на штитениците, да се научат нови вештини и да се покаже дека работата и трудот се вреднувани, а во насока на успешна ресоцијализација во општеството.
Делата ќе бидат изложени на аукцијата и ќе можат да се купат, а средствата ќе бидат наменети за потребите на децата од домот.
Аукцијата е од отворен тип и сите заинтересирани лица кои сакаат да го помогнат проектот може да присуствуваат и да купат од предметите со што ќе помогнат да се разубави еден детски живот.