Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид, откако денеска во осминафиналето по голема борба која траеше два часа и 55 минути го совлада Германецот Јан-Ленард Штруф со резултат од 2: 1 (6:3, 6:7 (5:7), 7:6 (7:4)).
Еден брејк беше доволен за бранителот на титулата во Мадрид да го освои првиот сет.
Во вториот сет и двајцата тенисери направија по еден брејк, па реши тај-брејкот во кој подобро се снајде Германецот и го внесе мечот во третиот решавачки сет.