Апасиев од Битола: На овие избори ќе победи Македонската платформа

Од:

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев од Битола истакна дека пред граѓаните стојат три платформи во изборот за претстојните Парламентарни избори:

,,Имате три платформи. Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиска платформа зад која што стојат македонските буржујски партии: СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонска платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии”, рече Апасиев.

Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава. На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката, рече Апасиев.

Би можело да ве интересира

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание

А1он

Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагираше собраниското обезбедување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Апасиев се пофали со поканата за парадата на Путин за Денот на победата

Апасиев: Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

А1он