Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го повтори партискиот став на неговата партија ДУИ дека волјата на народот мора да се почитува и не треба да се омаловажува народ кој допрва ќе треба да гласа, а без да се слушне неговата волја не е чесно да се зборува за коалиции.

За изјавата на Изет Меџити дека македонските партии не сакаат да коалицираат со ДУИ, Османи рече дека целта на ДУИ не е да бидат симпатизирани од другите партии.

„Нашата цел не е да не’ симпатизираат. Таа извртена логика дека албанските политички партии треба да се борат за симпатиии кај македонските партии е навредлива. Уште понавредливо е да зборуваме за коалиција на девет дена пред избори. Фактот дека политичките партии прават калкулации, за мене е потценување на демократијата и достоинството на секој народ“, рече Османи.

Европскиот фронт деновиве ќе одлучи како ќе настапи во вториот круг, односно кој од претседателските кандидати ќе го поддржи.

За него, слоганите на ВМРО-ДПМНЕ, се обид да се омаловажи достоинството на Албанците.

„Мицкоски успеа да врати едно сеќавање кај Албанците за 100 годишното ропство, омаловажување и починување. Да иритира нерв кој мислевме дека е длабоко сокриен. Да врати сеќавање од Југославија и Рахман Мурина. Овој обид за омаловажување на достоинството на секој Албанец го мобилизираше народот. Не само тие што ме поддржуваа, туку и гласачите на опозицијата кои не гласаа за мене. Велат веќе не е прашање помеѓу Европски фронт и Вреди, ова е битка за нашето достоинство.

Времето на Мурина е завршено оддамна и закопано. Да повикате државата да биде повторно твоја е најсрамниот и најшовцинистичкиот повик што може да се претстави во една мултиетничка држава. Национализмот раѓа национализам. Овие сили го вратија тоа чувство“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише