Шведската полиција е на удар на критики заради составување список со имиња на повеќе од 4.000 Роми вклучително и нивните деца.
Политичари изразија негодување поради тој регистер чие постоење го потврди и полицијата по денешниот извештај објавен во шведски весник.
Претседателот на парламентарен одбор за правда Морган Јохансон оцени дека таа листа е „илегална“ потсетувајќи дека шведскиот Устав забранува регистрирање луѓе по етничка припадност.
Шефот на шведската полиција Бенгт Свенсон закажа за в среда состанок со сите регионални шефови на полицијата. Засега не е јасно зошто е составен регистер на Роми.
Во извештаите се укажува дека е направен во полицискиот округ Скане во јужна Шведска, но бил достапен на полицијата во целата држава.