Израелски војници убиле двајца вооружени Палестинци кои отвориле оган врз нив од возило во близина на градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска израелската армија.
Официјалната палестинска новинска агенција Вафа јави дека безбедносните службеници потврдиле дека двајца Палестинци се убиени, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека двајца Палестинци се ранети.
Армијата објави фотографија на која се прикажани две автоматски пушки, за кои вели дека ги користеле вооружени Палестинци во нападот на воена станица во близина на палестинскиот град Џенин.
Насилството е во пораст на Западниот Брег откако на 7 октомври минатата година почнаа судирите меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.