Грција воведува шестдневна работна недела

Од:

Вo јули во Грција се воведува шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не смее да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми или фарми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Што се однесува до ограничувањата, работникот не смее да работи повеќе од осум часа на шестиот работен ден, а не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите или фармите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната