Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за авто осигурување

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на својот фејсбук профил напиша дека е згрозен од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Според него, ова е манипулативен чин со кој осигурителните компании ја зголемуваат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.

-Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, посочи Битиќи.

Тој го повика Министерството за финансии како и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај.

-Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, објави Битиќи на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Политиките на Мицкоски се неуспешни, тоа го потврдува и Светската банка

(ВИДЕО) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

Горан Наумовски

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Катерина Ѓуровски

Кој е најдобриот систем да бидете подготвени за неочекуваното во Вашиот дом?

Предраг Петровиќ

Мицкоски се кити со туги перја обвини Битиќи за германско-белгиската инвестиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Битиќи: Зголемувањето на бројот на министерствата носи неефикасност, нема придобивки за граѓаните