Двајца професори и еден ученик се ранети во напад со нож во средно училиште во градот Аманфорд, триесетина километри северно од Свонси во Јужен Велс.
Од полицијата потврдуваат дека е уапсена тинејџерка, која е осомничена за обид за убиство.
Сите тројца повредени се хоспитализирани. Не е соопштено во каква состојба се примени во болница.
Инцидентот се случил околу 11:15 часот во училиштето во долината Аман, кое, според процедурите за итни случаи на округот Кармартеншир, автоматски било ставено во „тотално заклучување“.