Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша во законот пакетот за помош со кој се обезбедува клучна воена помош за Украина, со што стави крај на повеќемесечните преговори и дебати.

Пакетот за помош, усвоен од Сенатот доцна вечерта во вторникот, изнесува вкупно 95 милијарди долари и вклучува речиси 61 милијарда долари помош за Украина, 26 милијарди долари за Израел и осум милијарди долари за Индо-Пацификот.

Пакетот, исто така, вклучува легислатива што на крајот може да доведе до забрана на Tik-Tok во Соединетите Држави – давајќи ѝ на кинеската матична компанија на Bite Dance приближно девет месеци да го продаде или ќе се соочи со забрана од продавниците за апликации во САД.

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск