Двајца полициски генерали поднесоа оставки по убиството на грчкиот музичар

Од:

Двајца високорангирани офицери на грчката полиција поднесоа денеска оставки поради минатонеделното убиство на музичарот антифашист, за кое е обвинет наводен приврзаник на неонацистичката партија „Златна зора“.

Тие поднеле оставки поради можните пропусти на полицијата при идентификувањето на лицата кои се собрале пред локалниот огранок на „Златна зора“ во Халкиди, вооружени со предмети кои се сметаат за оружје – како пендреци, заштитни шлемови и штитови.

Според соопштението на Министерството за јавен ред и мир, генералите задолжени за јужна и централна Грција Јоанис Дикопулос и Апостолос Касканис, понудија оставки на генералниот секретар на Министерството Анастасиос Андреулакос, кој ги прифати.

Според дел од западни медиуми, се води истрага поради можна поврзаност на полициското одделение со „Златна зора“, и се наведува дека неколку началници на полицијата на островот Евија се суспендирани поради тоа што не го истражиле седиштето на крајната десничарска партија во близина на полициската станица каде било држено оружје.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит