Директорката на Токсикологија која не зборува македонски, сака да вработи 18 лица со истечени договори наместо двајца биолози и еден болничар

Од:

Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази инсистира да се вработат 18 лица со истечени договори на дело, а не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар, истакна д-р Нико Беќаровски, раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката кој заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум реагираа на односот на Иљази.

Д-р Беќаровски рече дека немаат притисок од неа затоа што нема комуникација и после секој состанок на стручните колегиуми таа не ги почитува договорите.

„Последниот состанок беше пред две и пол недели. Таа не знае македонски, јас пробав да комуницирам на англиски јазик, и не знам дали ме разбра. Сите разговори ѝ ги преведува друго лице, кое е меѓу тие 18 лица за кои таа инсистира да се вработат“, рече д-р Беќаровски.

Во моментов не функционира Токсиколошката лабораторија, докторите се снаоѓаат со тестови и со еден лаборант, и тие им се за нивна внатрешна употреба чисто да знаат за какво труење станува збор.

Оние 18 лица на кои им се истечени договорите, а директорката сака да им ги продолжи, д-р Беќаровски кажа дека иако немаат никаква обврска, доаѓаат на работа, облекуваат мантили и доаѓаат и на визита.

„Ние работиме со пациенти на кои им е битна приватноста и доверливоста. Навистина не е пријатно да зборувам на визита за пациентот пред лица на кои не им е тука местото. За шест години се сменија и министри и пет директори. Секој си носеше свои кадри и стигнавме до седум-осум административци и две-три секретарки“, кажа д-р Беќаровски.

Економската директорка Иљази која дојде на функција на 14 февруари, ги повика новинарите во сала после прес-конференцијата на лекарите и почна да зборува на албански јазик.

Новинарка ја праша дали ќе се обрати на македонски, таа возврати на албански јазик. Колегите од албанските редакции на новинарите Македонци им кажаа дека рекла „не“, по што тие си заминаа.

Би можело да ве интересира

Склучувала договори па ретрокативно ислаќала хонорари, пари давала и на луѓе што воопшто не работеле, обвинение за Бесија Иљази

Чибишев: Четворицата малолетници се стабилни, утре ќе се одлучува дали ќе бидат пуштени од Токсикологија

Катерина Ѓуровски

Антидепресиви и алкохол – коктелот кој скопјанецот им го дал на четирите деца во неговиот дом

A1on

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Кривична пријава за Бесија Иљази, екс-директорката на Токсикологија незаконси вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Чибишев: На Токсикологија веќе нема да има „каубојски„ вработувања, клиниката е во финасиски и организациски колапс

Катерина Ѓуровски