(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Од:

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно однсоно имаме поголем број на склучени договори од од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски.

– Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповрати европски пари искористени и вградени во македонското земјоделство, истакна Николовски.

Први во регионот ја започнавме и реализацијата на ИПАРД 3 програмата, добивме за 63% поголем буџет. Лидерската позиција ја потврдивме и креираме нова успешна ИПАРД 3 приказна, модернизирајќи го македонското земјоделство.

– Во следните 4 години токму преку ИПАРД 3 ќе се инвестираат над 210 милиони евра во модернизација на македонското земјоделство, во нови фарми, во нови преработувачки капацитети, во развојот на руралниот туризам и во обнова на земјоделската механизација.

Наша цел е до 2028 година е да ги завршиме преговорите со Европската Унија и конечно да станеме рамноправна членка на Унијата до 2030 година.

– Тоа значи многу за македонското земјоделство, тоа значи над 1 милијарда 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези, истакна Николовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски