(ВИДЕО) Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

Од:

Од денес, па се до параментарните избори, граѓаните ќе ги запознаеме со ликот и делото на Александар Николоски, носител на листата во изборна единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да го знаат неговото вистинско лице кој ќе биде на избирачкото ливче и која е неговата вистинска улога во политиката. Николоски кој сака постојано да прашува, а да не понуди одговори, ниту докази за ништо од неговите лаги и манипулации, конечно ќе мора да даде одговори.
Александар Николоски е човек кој преку 20 години во политиката живее на грбот на граѓаните, никогаш ништо не работел, туку живее од даноците на граѓаните. Како политичар и ништо друго, Николоски во ВМРО-ДПМНЕ е задолжен за креирање лажни афери, лажни вести и пласирање невистини со кои сака постајно да прави конфузија во јавноста. Токму затоа, Николоски е најдемантираниот политичар во историјата на државата. Него го имаат демантирано домашни институции, странски држави и верувале или не Обединетите Нации, рече на прес-конференција на Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

– Станува збор за човек кој што што и да каже јавно – тој кажува лаги. На човек како Николоски воопшто не може да му се верува, затоа што едноставно тој нема друга улога во политиката и партијата освен да манипулира и лаже во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата улога за дежурен манипулатор, очигледно не ја добил случајно. Затоа денес ќе му поставиме неколку прашања на кои ќе мора да одговори и да се дознае вистината за мрежата која стои зад постојано лажење и плашење на граѓаните за политичка корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Го прашуваме Александар Николоски: Дали тој лично стои позади целата пропагнда на ВМРО-ДПМНЕ платена од унгарски извори? Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми кои постојано шират дезинформации во државата? Дали Николоски, кој важи за близок човек со Синиша Алексоски, фамозниот разузнавач на Ѓорѓе Иванов, ја води мрежата на ботови на социјалните мрежи кои стојат зад постојано тероризирање на граѓаните на интернет и ширење страв и паника во криза? Дали тој е креаторот на организирани напади за омаловажување и онлајн булинг на оние кои не мислат исто како него и ВМРО-ДПМНЕ?

Дали тој беше задолжен да создава немир секогаш кога државата ќе беше во некаква криза? Добро се сеќаваме на десетици деманти кои ги добив во време на трите последователни кризи низ кои помина државата. Oва е само прва серија на прашања кои мора да ги одговори Николоски. Во следните прес-конференции ќе ги разоткриеме неговите врски со сомнителниот бизнис и подземјето. Граѓаните на изборна единица 4 имаат право да знаат кој ја бара нивната доверба и кој вистински е овој човек – кажа Колева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети

(ВИДЕО) Колева: Силјановска е само уште едно лице на ДПМНЕ, не нѝ треба реприза на Иванов

(ВИДЕО) Колева: Со 32,5 владата предводена од СДСМ поддржува 66 проекти во 44 општини

Колева: Повеќе за сите, нова мерка за зголемување на платите од 3,000 до 6,000 денари во приватен сектор

Колева: Поддржани 410 компании, растат платите, паѓа невработеноста, имаме рекорден износ од 750 милиони евра инвестиции

Колева: ДПМНЕ сега има шанса за прв пат да поддржи една стратешка одлука за земјата, членство во ЕУ