Автомобил удрил во малолетник во Скопје – пешакот со тешки повреди

Од:

Малолетник, пешак е тешко повреден со несреќа на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. Автомобил „форд“ управуван од 41 годишен скопјанец удрил во пешакот .

„ На 21.4.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот.“ велат од МВР.

Малолетникот е веднаш префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он