Мртов маж e пронајден со убодни рани во подрумот на луксузен хотел на Менхетен

Од:

49-годишен маж бил пронајден мртов со убодни рани на вратот во подрумот на луксузен хотел во долниот дел на Менхетен, соопштија полицајците.

Мажот не реагирал и бил онесвестен кога полицајците го нашле во бањата во подрумот на хотелот „Паблик“ нешто по 11 часот, соопштија властите и извори од органите на редот.

Починатиот, кој не бил регистриран гостин во хотелот, бил пронајден со нож покрај него, изјавиле извори за The Post.

Тој е прогласен за мртов на местото на настанот, а се уште не е јасно дали убодите со нож се убиство или самоубиство, велат од полицијата.

Канцеларијата на главниот лекар ќе ја утврди причината за смртта, соопшти NYPD. Истрагата е во тек, а идентитетот на мажот ќе биде објавен кога семејството прво ќе биде известено.

Телото на мажот било пронајдено по големата свадба на покривот на хотелот – каде престојот чинел помеѓу 200 и 400 долари за ноќ, изјавија гостите за The Post Sunday.

Имено, алармот во хотелот се вклучил во саботата навечер пред 23 часот, по што следело известување да се игнорира и дека нема вонредна состојба, изјавиле гостите.

Нејасно е дали алармот воопшто бил поврзан со прободувањето или моментот кога мажот се здобил со повредите од нож.

Би можело да ве интересира

51-годишен скопјанец е пронајден мртов во семејниот дом

Мртов маж бил донесен во Здравствена установа во село Петровец

Бетонски столб падна и усмрти маж од Чаир

43-годишен велешанец најден мртов на паркинг во Скопје

26-годишно момче е пронајдено мртво во семејниот дом

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација