Радичевска петта на турнир од Светската Премиер карате лига

Од:

Македонската каратистка Сара Радичевска која е член на клубот „Макпетрол“ го освои петтото место на трунирот од Премиер лигата одржан викендов во Фракфурт, Германија.

Таа со три последователни победи успеа да влезе во полуфиналето. Во првото коло победи со преставничката на Белгија Отен Надиа со резултат 3-0, потоа ја совлада и Акгдаг Гулсен од Шведска со 5-3, во треттото коло забележа победа со Ана Варуг од Германија 5-1. Во  четвртото коло во полуфиналната борба за влез во финале Радичевска загуби од јапонската репрезентативка Охно Хикару после судиското изјаснување, резултатот во основниот дел беше 1-1.

Подоцна во репасажната борба за бронзен медал Македонката беше поразена од Габриела Бруна од Чиле.

Од останатите македонски каратисти победа успеа да забележи Моника Стефановска -68 кг. Таа во првото коло беше поуспешна од Французинката Агиер Ализе, во второто коло претрпе пораз од повеќекратната европска и светска медалистка Алиса Бушингер со резултат 2-0.

Тренерот Бошко Заборски изјави дека е задоволен од прикажаното на македонските каратисти.

– Задоволен сум од прикажаните борби на нашите каратисти. Неколкумина од нив загубија на судиско изјаснување и немаа среќа да ги продолжат натпреварите. Ова светско натпреварување е најквалитетно и на него се пријавуваат најдобрите сениори. Задоволни сме, бидејќи на минатиот турнир кој се одржа во Истанбул, Стефановска беше петто пласирана , сега на тоа место е Радичевска и тоа е показател дека ние сме на правиот пат, изјави Заборски.

На петтиот по ред турнир од елитното натпреварување настапија 612 спортисти од 46 земји.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје