Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи, пробиен е законскиот рок

Од:

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за застојот во издавање на личните документи образложи дека со доаѓањето на техничката влада, министерот направи некои реформи, познати од само нему некои лични причини, коишто не донесоа никаков резултат.

„Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. А само ќе напоменам дека пред техничката влада, сите граѓани ги добиаа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи. Тоа го зборував уште од првиот денл, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

Би можело да ве интересира

Отворен пункт за лични документи во Сарај

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Управните служби и денеска ќе издаваат готови лични документи на граѓаните

Тошковски: Се стабилизира состојбата со издавањето на лични документи, обезбедуваме нови количини на обрасци за лични документи, пунктот Идризово ќе се затвори

Бојмацалиев: МВР гарантира фер, слободни и демократски избори

Со лични документи истечени од 24 јули може да се гласа на утрешните претседателски избори

Катерина Ѓуровски