Руските сили за воздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле 50 украински беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е наведено, 26 беспилотни летала се соборени над Белгородската област, 10 над Брјанската област, осум над Курск, два над Тула и по еден над Смоленск, Рјазан, Калушка и Московската област, пренесува РИА Новости.
Од друга страна, на социјалните мрежи се објавени видеа од експлозии и пожари во неколку објекти во областите кои беа нападнати.
Two power substations in Kaluga and Bryansk regions, as well as an oil refinery in Smolensk region, were damaged during the Ukrainian attacks
Here is the footage of the aftermath of the attacks. pic.twitter.com/nl1fQlZds4
— NEXTA (@nexta_tv) April 20, 2024
Двајца цивили загинаа во текот на ноќта во рускиот пограничен регион Белгород во напад на украинско беспилотно летало, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков. Според него, две лица загинале кога приватна куќа во областа Граиворонски се запалила откако беспилотни летала фрлиле две експлозивни направи.
Нападот со украински беспилотни летала е запрен во Смоленската област, а поради падот на делови од авионот избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.
Тој прецизираше дека околу два часот по полноќ во квартот Кардимовски имало обид за напад на објектот на енергетскиот комплекс со украински беспилотни летала и дека поради падот на делови од авионот се запалил контејнер со гориво. .
Претходно во текот на ноќта, како резултат на експлозија на дрон, енергетската инфраструктура беше оштетена во областа Малојарославец во областа Калуга.