Десетина членови на Златна зора идентификувани во истрагата за убиството на Павлос Фисас

Од:

Десетмина членови на грчката крајнодесничарска партија Златна зора се идентификувани во рамките на истрагата за убиството на 34-годишниот хип-хоп изведувач Павлос Фисас од 45-годишниот Јоргос Рупакиас во атинскиот кварт Керацини минатата недела, објави весникот „Катимерини“.

Имињата на десетмината осомничени членови на Златна зора се откриени по проверка на податоците за извршени телефонски разговори од осомничениот Рупакиас.

Грчките сили за безбедност ги разгледуваат разговорите на мобилниот телефон на 45-годишниот убиец, со цел да утврдат од кого добил повик да отиде на местото на кое е убиен музичарот Павлос Фисас.

Обвинителот од Пиреја денеска даде дозвола за истрага на регистрираните телефонски разговори на уште неколку членови на Златна зора, вклучително на лидерите на локалниот огранок на партијата.

Павлос Фисас, 34-годишен хип-хоп изведувач, сметан за антифашистички активист, почина рано изутрината на 18 септември од две прободни рани во градите. За убиството беше уапсен 45-годишниот Јоргос Рупакиас, кој признал дека е член на Златна зора.

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните