Препораки во пресрет на сезоната на грип

Од:

Во пресрет на сезоната на грип која се очекува да почне октомври/ноември, сите субјекти треба да ги преземат сите потребни мерки што помалку да се јават заразни заболувања (жолтица, грип и други респираторни заразни заболувања), а образовните институции да преземат мерки во однос на зголемена хигиена во училиштата, дезинфекција и дезинсекција на просторот и почесто проветрување.

Министерството за здравство препорачува децата кои имаат симптоми на болест да не одат во училиште, да се лекуваат во домашни услови за да се спречи ширење на инфекција во училиштата.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, која посочи дека сите ризични групи (постари лица над 60 години, хронично болните, децата од шест месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници) кога ќе почне вакцинацијата против грип (од 10 до 15 октомври) веднаш да се вакцинираат и навреме да си го заштитат здравјето.

Таа најави дека вакцините од Глаксо Смит Клајн, кои се тритипни, треба да пристигнат на почетокот на октомври, а се очекува да се набават над 30.000 дози.

– Се препорачува децата да внимаваат повеќе на личната хигиена, да мијат раце пред консумација на храна, по одење во тоалет, да пијат вода од соодветен сад, а не од рака. Доколку некое дете кашла, кива, има температура, не се чувствува добро, треба да се пријави на класниот раководител. Се препорачува децата да јадат здрава храна, овошје, зеленчук, витамини и да избегнуваат консумација на брза храна, рече Костовска.

Таа нагласи дека никогаше не може точно да се предвиди кој тип вирус ќе циркулира.

– Според анализите направени минатата година, во Европа, Африка и Азија доминираше H1N1, малку повеќе од H3N2, меѓутоа во Северна Америка и Јужна Африка доминираше H3N2. Во останатите земји доминираат и двата типа вируси. Во Европа од испитаните само 13 се позитивни изолирани на вирус на грип, тестови од кои 11 – H1N1, два H3N2. Се уште сме надвор од сезоната на грип, додаде Костовска.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска