Ана Личник (34) исчезна во неделата на 24 март. Таа патувала со јавен превоз, а по симнувањето од автобусот број 23 и се губи секаква трага. Меѓутоа, во автобусот ја заборавила чантата во која имало документ со телефонскиот број на поранешниот сопруг на Ана.
„Последен пат ја видов Ана на 15 март на Звездара. Тој ден отидовме кај кабелскиот оператор за да ја префрлиме сметката за кабелска телевизија од Ана на мое име“, изјави поранешниот сопруг на Ана за Телеграф.рс.
Девет дена подоцна му се јавиле дека Ана ја оставила чантата во автобус. Имено, во чантата имало хартија со контакт телефонот на поранешниот сопруг на Ана, Ј.И. (38).
Нејзиното исчезнување го пријавил во локалната полиција, но до ден денес нема информации за неа.
Според неофицијални информации, исчезнувањето на Ана семејството го пријавило на 28 март.