Се бара 80-годишната Олгица која е исчезната од викенд куќа во тетовско планинско село Јелошник

Од:

Од вчера од утринските часови се трага по 80-годишната Олгица Димитровска со живеалиште во Скопје која за викендот престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце. Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата.

-Олгица Димитровска има 80 години и има деменција. Можно е да тргнала од Јелошник кон пониското село Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Доколку има доброволци апелираме за помош во потрагата, полицијата веќе е на терен, информираат од семејството на ќерката на Олгица.

Според сознание на семејството, кое сподели фотографија, кога излегла од дома, Олгица била облечена во фустан со кафеава боја и црни копчиња.

Би можело да ве интересира

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

Потрага на хрватската полиција, исчезна девојка во Водице

Пронајдена е 14-годишната Клара

Исчезната е млада скопјанка, семејството бара помош

Катерина Ѓуровски

Мистериозното исчезнување на Ана (34) од Белград: Последен ја видел партнерот, полицијата ја бара 19 дена

Исчезна велешанец, случајот во полиција го пријавил внукот