Во Хрватска во седум часот се отворени избирачките места каде граѓаните ќе ги изберат своите претставници во Парламентот на 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година.
Избирачки места, од кои има околу 6.500 низ цела Хрватска се затвораат во 19 часот, кога завршува изборниот молк.
Изборниот праг е пет отсто. Собранието има 151 пратеник. Од територијата на Хрватска која е поделена на 10 избирачки единици се избираат 140 пратеници, а од секоја изборна единица се избираат по 14 пратеници.