Словенија и Шпанија се согласуваат за потребата од официјално признавање на палестинската држава како начин за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт, изјавија денеска лидерите на двете земји. Треба да се преземат мерки за да се олеснат страдањата на луѓето во Газа во услови на војна меѓу Израел и Хамас во палестинската енклава, рекоа тие.
„Најважно е што решивме цела низа прашања – кога, не ако, туку кога, е најдобриот момент да се признае Палестина“, рече словенечкиот премиер Роберт Голоб на прес-конференција со Шпанецот Педро Санчез.
Голоб не прецизираше временска рамка, велејќи дека тоа не зависи само од Словенија и Шпанија, туку и од други меѓународни фактори. Тој потврди дека Словенија ќе гласа во Советот за безбедност на ОН за полноправно членство на палестинската држава.