Утринава се слеваат детали за состанокот на Советот за безбедност на ОН свикан по иранскиот напад врз Израел. Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, рече дека „маските паднале и го повика Советот за безбедност да „преземе акција против Иран“, пренесе Франс прес.
Ердан побара од Советот за безбедност да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација и да ги „воведе сите можни санкции кон Иран пред да биде предоцна“. Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, исто така се обрати на собирот и го нападна Израел:
„Време е Советот за безбедност да ја преземе својата одговорност и да се справи со вистинската закана за меѓународниот мир и безбедност“, рече Иравани, додавајќи дека Советот за безбедност „мора да преземе итни и казнени мерки за да го принуди овој режим да го запре геноцидот врз народот на Газа“.