СДСМ: Скопје е синоним на сите лаги на ДПМНЕ, да не дозволиме реприза со Силјановска

Од:

Соопштението на СДСМ го пренесуваме интегрално:

Скопје е синоним на сите лаги на ДПМНЕ, на сите лажни и неисполнети ветувања, на сите измани на граѓаните. Скопје е пример како владее ДПМНЕ.

Го запустија главниот град, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот.

Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови.

Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Граѓаните нема да дозволат реприза на Скопје да и се случи на државата со ДПМНЕ и Силјановска.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он