Салиу: МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице, најверојатно ќе прават претрес во мојот дом

Од:

Само што не информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште, објави на својот Фејсбук профил новинарот Фуркан Салиу.

„Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозможена одреден период. Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација“, напиша Салиу.

Би можело да ве интересира

Владата бара детална информација од МВР за настанот со новинарот Фуркан Салиу

МВР поднесе кривична пријава против новинарот и уредник Фуркан Салиу

Горан Наумовски

Тошковски: Приведувањето на Салиу ќе биде испитано, но бил нападнат полициски службеник

Предраг Петровиќ