(ВИДЕО) Мисајловски: Време е за промени, ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери

Од:

Пред се би сакал да го честитам денешниот празник Рамазан Бајрам, да посакам многу среќа, бериќет и успешна година, но се разбира и година на промени за подобра и горда Македонија. Денеска сме во Гази Баба каде што ќе имаме повеќе средби. Во моментот привршуваме со прекрасна средба со пензионери каде што можевме да ги слушнеме постарите и повозрасни лица каде навистина е тешко да се слушаат тие емоции од нивна страна бидејќи навистина со мали пензии, недоволно средства тешко е да се живее, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

– Она што најмногу ги мачи пензионерите е со нивните мали пензии немаат доволно средства да си ги купат своите намирници, но најголем проблем е како да си ги купат сите лекови кои им се потребни месец за месец. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за многу скоро време после 8 мај, ќе започне со проект кој го ветуваме на сите пензионери, а тоа е зголемена пензија линеарно за 5.000 денари на сите пензионери. Затоа сакам да ги повикам граѓаните на 24 април, а потоа и на 8 мај сите заеднички да излеземе што повеќе и да дадеме поддршка за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и за нова влада на 8 мај формирана од ВМРО-ДПМНЕ, за поголеми пензии, за поголеми плати, за подобра економија за подобар стандард. Време е за промени – рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

(ВИДЕО) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, во некои општини разликата оди и до 10:1

Горан Наумовски

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата