Градежните работници се пуштени, Обвинителството го почна увидот за пожарот во Универзална сала

Од:

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.

-Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

-Бидејќи се уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување, велат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор