Се празнат резервоари за вода, се проверуваат канали – седми ден потрага по телото на Данка

Од:

Во округот Бор денеска продолжува потрагата по телото на девојчето, седми ден од апсењето на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Претресот главно се базира на селото Злот и околината на куќата на Д.Д., еден од осомничените за убиството на девојчето.

Припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор вршат увид во околината на куќата на Д.Д., испразнет е и пребаран резервоарот за вода, а потоа и коритото на блискиот поток.

Надвор од потокот има уште пет акумулации или бунари и се претпоставува дека денеска ќе се работи на тие локации, јавуваат српските медиуми.

Вчера беше пребаран вториот дел од Лазарев, Кањон откако полицијата заедно со спасувачката екипа и Планинарската спасувачка служба ги пребараа првите 3,5 километри. Се пребаруваше и јамата над кањонот длабока 70 метри.

За потрагата се користи специјализирана опрема за спасување и беспилотни летала.

Двегодишно девојче исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата ги уапси Ј.С. и Д.Д. од Бор, кои се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на отпад.

Би можело да ве интересира

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка

Oсомничените за смртта на Данка може да се спасат од „тешки“ казни

Горан Наумовски

Нови детали за малата Данка: Нејзината ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Таткото на Данка: Нашето најмило малечко, денес требаше да ја дуваме свеќата за твојот втор роденден

Горан Наумовски