ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Од:

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу е недозволиво во демократска држава, реагираат од Либерално демократската партија.

-Ние како Либерал-демократи посочуваме дека новинарот Салиу ниту некогаш бил обвинет за тероризам, ниту претставувал каква било безбедносна закана за да сведочиме вакво радикално однесување од страна на полицијата, додаваат од партијата.

Според ЛДП новинарите, а пред се младите новинари треба да се охрабрат што почесто да ги искажуваат своите мислења и ставови кон одредени теми, затоа што така постепено ќе ја доближат демократијата блиску до граѓаните.

-Основна функција на полицијата е заштита и почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот, како и одржување на јавниот ред и мир во општеството. Полициските службеници пак, треба го почитуваат личното достоинство и индивидуалните потреби на лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривично дело, додаваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он