Брнабиќ: Преписката на Скај до која дојде Европол е непобитен доказ дека Вучиќ е најголемиот непријател на криминалот

Од:

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ денеска оцени дека преписката на Скај на лидерот на Кавачкиот клан, до која дојде Европол, е уште еден непобитен доказ дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е најголемиот непријател и најголемата пречка за организираниот криминал, како во Србија, така и во регионот.

„Ова покажува и дека се точни сите наводи за планирање на убиството на Александар Вучиќ кои ги добивме од нашите и странски разузнавачки служби. Благодарам на сите наши безбедносни служби кои во соработка со странски партнери успеаја да го спасат животот на претседателот Вучиќ“, напиша Брнабиќ на својот профил на мрежата Х.

Конечно, како што нагласи, и ова покажува колку била опасна и храбра одлуката на Александар Вучиќ да им објави војна на организираниот криминал и мафијата која сметала дека е посилна од државата.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ за усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница: Србија покажа како се бори за своите интереси

Ана Брнабиќ: Без разлика на предизвиците, важно е Србија и Република Српска да се држат заедно

Брнабиќ: Очекувам убедлива победа на изборите во Белград

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Брнабиќ: Ова е обид за сценарио „Мајдан“

Горан Наумовски

Брнабиќ: Ја имате мојата оставка на маса

Горан Наумовски