Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Од:

СВР Велес до Основно јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против 41 годишниот А.С. од село во Општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, казниво по член 130 и „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик, информира попладнево Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Појаснува дека пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, А.С. подолг временски период физички и психички го малтретирал семејството, воедно и неговите малолетни ќерка и син ги принудувал да просат.

На 3-ти април тој е лишен од слобода и по документирање на случајот поднесена му е пријава.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Хорор во Тетово: Насилна мајка го удираше своето тримесечно бебе од асфалт

Горан Наумовски

48-годишен маж со лопата и со нож нападна полициска патрола

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Скопјанец е осомничен за физички напад, силување и закани кон 22-годишна жена

Горан Наумовски

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга