ВМРО-ДПМНЕ: Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја, да ја вратиме надежта и да донесеме иднина

Од:

Денеска започнува крајот на поразите, на неправдите, понижувањата и распродажбата на националните и државни интереси, на осиромашувањето и газењето на достоинството на македонските граѓани од стана на СДС, ДУИ и Стево Пендаровски. Денеска започнува вистинската борба за промените кои се потребни да се случат за да си ја вратиме изгубената држава. Да ја вратиме Македонија на граѓаните. Да ја направиме Македонија повторно горда земја. За Македонија повторно твоја, обединета. За Македонија во која ќе се врати надежта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се обврзуваме да ги донесеме промените и целосно да ја трансформираме Македонија. Да ја вратиме надежта. Да го вратиме изгубеното достоинство. Да ставиме крај на хаосот, криминалот и безредието. Да донесеме иднина. Да донесеме нова надеж. За Македонија на сите граѓани. За твоја, наша Македонија која ќе победува. Промените се во твои раце!

За таа цел, пред почетокот на големиот народен митинг во 20 часот на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија, ќе се одржи Отворено студио во 18:30 часот на кое свое обраќање ќе имаат носителите на Изборните единици, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски, Ѓорѓија Сајкоски и Дафина Стојаноска. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат, заедно, сплотени да ставиме крај на оваа власт и да кажеме дека народот е обединет. Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање