Двајца осомничени за убиството на Данка Илиќ паднаа на полиграф. Откриено е и дека крвта пронајдена во нивното возило, по ДНК анализата, била на Данкa.
Еден од двајцата осомничени го признал тоа што се случило и го потпишал признанието. Убиството го извршиле двајца вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.
„Aвтомобилот е исчистен со киселина за да се извади крвта. Сепак, е забележана една капка крв и била испратена на анализа“, вели изворот за српски Телеграф, додека дел од медиумите објавија непотврдени информации дека во моментот кога удриле во Данка, осомничените биле под дејство на алкохол.